Се одиграа уште три натпревари од Кралскиот куп, а пласман во четвртфиналето обезбедија Селта, Реал Сосиедад и Џирона.
Селта победи со 3:1 на Местаља против Валенсија. Тимот од Виго веќе во 18. минута имаше два гола предност преку Де ла Торе и Дувикас, но „Лилјаците“ успеаја да ја намалат разликата во 29. минута по пенал кој Пепела го претвори во гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конечниот резултат го постави Дувикас со својот втор гол на гостувањето, а Де ла Торе забележа асистенција.
Како гостин, Реал Сосиедад победи со 2:0 против Осасуна.
Првиот гол за Сосиедад го постигна Ојаразабал во 56. минута од пенал. Конечниот исход го постави Мерино во судиското надополнување.
Вредна победа извојуваа и фудбалерите на Џирона кои на домашен терен го совладаа Рајо Ваљекано со 3:1.
Џирона водеше со 3:0 до 26. минута. Головите за првопласираната екипа од шпанскиот шампионат ги постигна Стуани во 15. и 19. минута и Дени Блинд во 26. минута.
Конечниот резултат го постави Нетко во 36. минута кој го ублажи поразот на гостите.