Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Португалија: Судијата се извини за пеналот, но што сега имам јас од тоа

Селекторот на Португалија: Судијата се извини за пеналот, но што сега имам јас од тоа

Португалија синоќа беше оштетена на Де Луж во Лисабон за пенал откако Рукавина играше со рака.

Беше тоа во второто полувреме при резултат 1:1, кога Рукавина играше со рака во својот шеснаесетник. Полскиот судија Марсинијак во консултација со помошникот сепак се одлучи да не покаже на белата точка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ме повика заедно да ја анализираме оваа ситуација, видовме и двајцата дека тоа беше пенал. Ми се извини, но тоа сега не ни помага. Што сега да работам со неговиот изговор? Мислам дека за тоа виновен е неговиот помошник.“ – изјави селекторот Фернандо Сантос.

„Ова е едноставно грешка, ние сме оштетени. Треба на сите стадиони да има ВАР. Сепак, и покрај грешката не успеавме да победиме, бидејќи Србија играше добро. Сакавме да победиме, доминиравме, но остана 1:1.“ – додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан на специјален начин му го честиташе роденденот на Модриќ (Видео)

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи Црна Гора со резултат 4:0 во четвртиот натпр…