Дома Фудбал Италија Секулов собира признанија: Тој е диригент на симфонијата на Јувентус!

Секулов собира признанија: Тој е диригент на симфонијата на Јувентус!

Maкедонскиот фудбалер Никола Секулов кој од своите почетоци кариерата ја гради Италија продолжува со одличните настапи во дресот на Јувентус,

Секулов неколку пати оваа сезона беше избиран за во тимот на колото во неговата генерација, а против Парма одново запиша супер настап. Италијанските медиуми го оценија Секулов со највисока оценка.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Оваа сезона тој имаше прилика и да тренира со првите ѕвезди на италијанскиот шампион и не би било чудо ако за некоја година го видиме како игра за првиот тим на „старата дама“.

sekulov

Медиумите после натпреварот со Парма имаа само пофалби за Секулов.

„Секулов беше диригент на симфонијата на бјанконерите“, гласеа насловите на италијанскиот „Спринт Спорт“.

Секулов за средбата против Парма која Јувентус ја доби со 3:2 доби оценка од 8.5.

Треба да се спомене дека Секулов редовно настапува и за селекцијата на Италија до 17 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …