Во последните години немаше многу примери на доминација на клубовите од Бундеслигата во евро турнирите, со исклучок на Баерн Минхен, но дури и баварскиот гигант се бори да стигне до трофејот во Лигата на шампионите уште од 2013 година.
Сепак, оваа сезона е различна и дури шест германски екипи продолжуваат во директните елиминации на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Со ист број учесници на двата турнира се Англија и Шпанија, кои важат за најдобри првенства во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа Ајнтрахт одигра 2-2 на гости кај Салцбург и ги елиминираше Австријците од Лигата на Европа со вкупен резултат 6:3. „Орлите“ се единствените од германските тимови во конкуренција што не ги освоија и двата натпревари. Леверкузен покажа класа против Порто (2-1 и 3-1), како и Волфсбург против Малме (2-1 и 3-0).
Екипите од Бундеслигата беа повеќе од убедливи во првото осминафинале од Лигата на шампионите. Баерн го совлада Челзи со 3-0, Лајпциг исто така се радуваше во Лондон со 1:0 против Тотенхем, додека Борусија Дортмунд победи со 2:1 на „Сигнал Идуна Парк“ против Пари Сент Жермен.
3/3 – German Clubs Won The First Leg Of The Round Of 16 In The UCL 2019-20. ??
— AZR Organization (@AzrOrganization) February 28, 2020
3/3 – German Clubs Have Reached The Round Of 16 In The UEL 2019-20. ??
"bUt bUt fArMeRs LeAgUe." ? pic.twitter.com/M72PkAtTf1