Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски си поднесе оставка, Шкупи ја прифати – шампионот ќе бара нов тренер

Седлоски си поднесе оставка, Шкупи ја прифати – шампионот ќе бара нов тренер

Maкедонскиот фудбалски стратег си поднесе оставката од местото тренер на Шкупи, која клубот и ја прифати.

48-годишниот Седлоски си замина после европските квалификации каде што Шкупи испадна од сите три натпреварувања, прво Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Седлоски си замина после вчерашното реми со прилепска Победа (1:1). За шампионот ова беше прв натпревар кој Седлоски не го доби во ПМФЛ, сепак притисокот од фановите и управата си го направи своето.

Во следниот период Шкупи ќе бара наследник на Седлоски. Вкупно Седлоски го водеше Шкупи на 54 натпревари од 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…