Дома Фудбал Севиља доби жестока казна поради навредите на Серхио Рамос!

Севиља доби жестока казна поради навредите на Серхио Рамос!

Комисијата за натпревари при Фудбалскиот сојуз на Шпанија ригорозно ја казни Севиља, поради навредите кои нејзините навивачи му ги испратија на Серхио Рамос на натпреварот во Купот одигра на 12-ти јануари.

Во одлуката стои дека секторите Н11 и Н12 ќе бидат затворени, а тоа се секторите каде што редовно седи навивачката група „Бирис Норте“,за која и Министерството за внатрешни работи на Шпанија потврдило дека се работи за насилничка група.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Одлуката на Комисијата е преседан во шпанскиот фудбал еден клуб да биде казнет на овој начин, со затворање на дел од трибините. Поради слични инцидентит во минатото клубовите најчесто се соочуваа со парични казни.

Севиља на својата интернет страница најави дека ќе ја обжали оваа одлука, најпрвин пред Комисијата за жалби, а доколку биде потребно ќе се жали и пред Арбитражниот суд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…