Шиме Врсаљко после две години во Атлетико Мадрид е пред враќање во Италија, каде што настапуваше во редовите на Џенова и Сасуоло.
Хрватскиот репрезентативец и освојувач на среброто на Светското првенство Русија е на чекор од трансфер во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањето на италијанските медиуми 26 годишниот Врсаљко во вторник ќе пристигне во Милано, каде што го чекаат лекарските прегледи, после што ќе стави потпис на договор со „нероаѕурите“.
Интер веднаш ќе му плати на Атлетико осум милиони евра за едногодишна позајмица, следното лето уште 17, што е вкупно 25 милиони евра.
Врсаљко во Интер ќе им се придружи на Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ.
? Sky – The Contacts of the last hours would have brought Sime #Vrsaljko closer to #Inter with possible medical examinations to be made already at the beginning of the next week. #FCIM #WelcomeSime pic.twitter.com/nzbGBZPD6H
— EnJoY Inter (@EnjoyInterNews) July 27, 2018