Фудбалскиот клуб Барселона уште во јануари може да добие големо засилување.
Доколку тренерот Ернесто Валверде изрази желба да го доведе на зима, во Барселона ќе пристигне репрезентативецот на Колумбија, Јери Мина.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Мина важи за еден од најталентираните дефанзивци во Јужна Америка, а Барселона веќе го осигура неговиот потпис. Доколку не пристигне оваа зима, ќе и се приклучи на Барса после СП 2018 година.
Единствената разлика е што на зима неговиот трансфер ќе изнесува 9 милиони евра, додека следното лето Барса треба да плати еден милион повеќе.
Јери Мина би требало да ја засили конкуренцијата меѓу Жерар Пике, Самуел Умтити и Хавиер Маскерано, бидејќи Томас Вермален не е повеќе во плановите на Валверде.