Изгледа дека ВАР за рекордно време ќе добие замена. Поточно, клубовите планираат да направат промена во Лигата на Шампионите.
Водечките европски клубови, собрани во асоцијација која ја предводи претседателот на Јувентус, Андреа Ањели предложи промена кога станува збор за ВАР. Тоа дефинитивно помалку се користи во Лигата на Шампионите, отколку во националните првенства, последен случај е чистиот пенал за Интер во Барселона, кога судијата не доби сигнал од ВАР собата, иако прекршокот постоеше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа, но и поради претходните ситауции во кој ВАР не им помогна на судиите, ниту ги спречи грешки, клбувоите предложуваат да има „Челинџ“ исто како и во тенисот. Имено, секој клуб би имал право еднаш во полувремето да ја провери судиската одлука. Останува да се види дали овој предлог клубовите ќе успеат да го усвојат.