Со пристигнувањето на Грем Потер во Челзи се најавуваат и промени во зимскиот преоден рок.
Англискиот стратег веќе има неколку имиња на „списокот отпишани“, а скоро сите и се очекувани. Името кое изненадува можеби е Н’Голо Канте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Канте некогаш важеше за носител на играта во Челзи и еден од најпосакуваните играчи, меѓутоа во последните две сезони повредите го одалечија од терените. Договорот на Канте истекува летото 2023, па затоа се очекува негово заминување оваа зима.
На списокот е и уште еден играч од средниот ред – Жоржињо. И договорот на Жоржињо завршува на крајот на јуни, Потер не смета на него, па така и самиот играч веќе бара нова средина. Според најавите Барселона веќе стапила во контакт и се обидува да го доведе.
Покрај Канте и Жоржињо, „отпишани“ се уште, Кепа Аризабалага, Хаким Зијеш и Кристијан Пулишиќ. Кога во прашање се нивните нови клубови, Кепа се поврзуваше со Наполи, Зијеш со Милан, а Пулишиќ со неколку клубови од Бундес лигата.