Францускиот „Л’Eкип“ мора да заработи 100 милиони евра од продажба на фудбалери во јануари, па се спрема распродажба.
Минатото лето ПСЖ ги доведе Лионел Меси, Серхио Рамос, Ашраф Хакими, Џанлуиџи Донарума и Вајналдум, а од заминување од играчи заработи само девет милиони евра. Така според „Л’Eкип“ тоа значи дека во јануари ќе мораат да заработат 100 милиони евра за да ги испочитуваат правилата на финансискиот фер-плеј.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголемото име кое би можело да замине од Париз е Мауро Икарди. Вредноста на аргентинскиот напаѓач е проценет на 28 милиони евра, желба е на Јувентус. Рафиња оди на позајмица во Реал Сосиедад, а Париз би требало да го напуштат уште: Јулијан Дракслер, Абду Диало, Тило Кехрер, Лајвин Курзава и Серхио Рико. Во ПСЖ веруваат дека за Диало и Кехрер ќе добијат по 25 милиони евра, додека за Дракслер кој има плата од 4.2 милиони евра околу 15.
На ПСЖ потребни му се и 40 милиони евра за да го задржи Нуно Мендеш кој сезонава игра на позајмица од Спортинг.