Можеби и не е доцна за момчето кое своевремено важеше за најголем „вундеркид“ во светскиот фудбал.
Има само 20 години и веќе доби етикета „пропаднат“. Тоа е така затоа што целиот свет пишуваше за него кога тој имаше само 14 години…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се сеќавате на Хашим Мастур?
„Вундеркидот“ за кого Милан плати пола милион евра и го „украде“ пред Барселона, Реал, Јувентус, Манчестер Јунајтед и уште неколку европски клубови. Во Милано никогаш не блесна и ова лето откако му заврши четиригодишниот договор со Милан го напушти клубот како слободен играч.
Помина цел преоден рок и никој не се јави, за на крајот да пристигне понудата од грчкиот клуб Ламија. Грчките медиуми пренесуваат дека Мастур потпиша договор вреден 180.000 евра, доколку одигра одреден број натпревари сумата може да достигне и 200.000 евра.
Мастур е една од најпознатите приказни за суперталентиран фудбалер кој никогаш (барем засега) не стана сериозен фудбалер. Славата и медиумското внимание кое го доби како да го „убија“ неговиот фудбалски талент.
На 15 години снимаше реклами за Ред Бул се натпреваруваше со Нејмар во „фристајл“, а поради чудесните трикови кои ги изведуваше со топка светот започна да го споредува со Роналдињо. Во Милано се надеваа дека добиле нов „магионичар“ кој ќе стане лидер во иднина…Но, Мастур застана на триковите.
Иако правеше разлика помеѓу помладите репрезентативни клупски селекции, се загуби некаде помеѓу преминот од младинскиот во сениорскиот фудбал.
На 16 години кај Кларенс Сидорф седеше на клупата во Серија А, но никогаш не доби шанса да дебитира. Беше испраќан на позајмици во Малага и Зволе, но ниту таму ништо не направи