Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед од кој многу се очекуваше, Федерико Македа наредната сезона би можел да игра во Примера.
Македа е играч кој во своите први два настапи за Манчестер Јунајтед постигнуваше голови и тоа беа важни голови за решавање на трката за титулата во Премиер лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, како што се појави така и „исчезна . Неколку години одеше по позајмици каде што се обидуваше да ја пронајде својата форма. Тоа не му успеа во Сампдорија, КПР, Штутгарт, Донкастер, Бирмингем, а подоцна и во Кардиф кој го купи.
Пред две години потпиша за Панатинаикос и оваа сезона му оди добро, постигна 14 голови и подели три асистенции. Со тоа тој го сврте вниманието на себе.
Како што пишува шпански „АС“ клубови од Ла Лига се заинтересирани за неговите услуги и ќе се обидат да го доведат во летниот преоден рок.