Дома Македонски спорт Мак ракомет Се работи во Вардар: Потпишан договор со уште еден ракометар

Се работи во Вардар: Потпишан договор со уште еден ракометар

Младиот Марио Стојановски кој сезонава е стандарден првотимец во сениорскиот тим на Вардар, а истовремно и дел од младата репрезентација на Македонија го продолжи договорот со „црвено-црните“ до јуни 2026 година.

Со тоа Вардар потврди дека сериозно работи на формирање на состав што ќе биде костур на тимот за следните сезони. Тој е вториот ракометар кој реши да ја продолжи верноста со тимот, по Марко Срдановиќ кој истотака ќе остане до 2026 година во Скопје.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стојановски игра на позицјата лево крило (20) и се повеќе добива шанса од тренерот Владо Недановски, и истата ја оправдува,со добра игра и голови. Стојановски кој потекнува од Вардар се развива во квалитетен играч, на кого тимот сериозно смета во иднина. Со неговите настапи, во Вардар и во репрезентацијата го покажа раскошниот талент и квалитет што го поседува.

„Воопшто не се двоумев кога Вардар ми понуди нов договор, бидејќи тоа беше мојот сон. Напорно се подготвував за ова што сега го имам, и работев да стигнам до првиот тим. Убеден сум дека и јас и екипата ќе растеме уште повеќе, а резултатите тоа го покажуваат, вели Марко Стојановски.

Вардар веќе работи на создавање на тим, не само во сениорска конкуренција туку и во помладите категории, и целта е да се ангажираат играчите што најдобро ќе се вклопат во клупската филозофија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…