Дома Луд Спорт Се продава рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот Вимблдон!

Се продава рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот Вимблдон!

Во 2011 година Новак Ѓоковиќ го освои првиот Вимблдон, а рекетот со кој играше сега е на продажба. Експертите очекуваат дека овој рекет ќе достигне цена од најмалку 20.000 евра.

Таа ќе се одржи на 5-ти и 6-ти септември во Велингборо, град во Англија, во аукциска куќа која е наменета само за продажба на спортски сувенири.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Таму го фатила Коредила Мекензи која го чувала сите овие години и сега решила да го продаде на аукција.

„Билетите за Вимблдон таа година ги добив на лотарија, а потоа по финалниот меч дома се вратив со рекетот со кој Новак Ѓоковиќ го освои турнирот. Беше навистина фантастично“, изјави Мекензи за британските медиуми.

Да потсетиме дека по 2011 година Ѓоковиќ освои уште шест титули на Вимблдон, а годинава во големото финале беше поразен од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…