Дома Фудбал Останато Се појасно станува: Дали ова е потврда дека Модриќ вечерва ќе слави?

Се појасно станува: Дали ова е потврда дека Модриќ вечерва ќе слави?

Ќе има различни коментари, а победникот изгледа е веќе познат.

Изгледа нема дилеми, ниту Кристиано Роналдо, ниту Антоан Гризман нема да се појават вечерва во Париз. Италијанските новинари тврдат дека овие двајца завршиле на втората и третата позиција, зад Лука Модриќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, како и напаѓачот на Атлетико нема да се појават, Роналдо не се појавуваше на двете претходни церемонии на кои Модриќ беше прогласен за најдобар од ФИФА и УЕФА.

Ќе потсетиме Гризман тврдеше би било голем срам доколку ова престижно признание не заврши во рацете на некој негов сонародник.

Тој ја освои ЛЕ, но тоа не е доволно, на Мбапе изгледа му недостасува клупскиот успех, додека и Варан за кого многу се зборуваше сепак ќе остане надвор од подиумот.

Ништо не е официјално, но поредокот се очекува да биде Модриќ, Роналдо, Гризман. Во таква ситуација ќе биде прекината десетгодишната доминација на Меси и Роналдо.

Ќе потсетиме, последен играч кој ја освои оваа награда пред Меси и Роналдо е Рикардо Кака во 2007 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …