Кинеската тенисерка Шуаи Пенг (35) исчезна откако јавно го обвини поранешниот заменик премиер на Кина Жанг Гаоли (75) дека ја сил*вал.
Откако ги изнесе обвинувањата, Пенг исчезна, а многумина сметаат дека нешто и се случило. ВТА организацијата и бројни нејзини пријатели се обидуваа да добијат било каква информација. Пред неколку дена се појави твит во кој ги повлекува обвинувањата и тврди дека е добро, меѓутоа многу се сомневаа во таа порака.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега кинеските власти преку државната телевизија објавија три фотографии на која Пенг е насмеана.
„Пенг Шуаи само што објави свои фотографии и ни посака на сите пријатен викенд. Пријателите ги споеделија овие фотографии“, напиша Шен Шиевеи од државната телевизија.
Сепак и ова не е убедливо и ретко кој е сигурен дека ова се сегашни фотографии, а ако се сегашни не е исклучена можноста да се присилно направени.
Peng Shuai’s WeChat moments just posted three latest photos and said “Happy weekend”.
— Shen Shiwei沈诗伟 (@shen_shiwei) November 19, 2021
Her friend shared the three photos and the screenshot of Peng’s WeChat moments. pic.twitter.com/tut8CEH6gu