Дома Фудбал Останато Се појавил проблем: Аморим ќе мора да почека за да го преземе Манчестер јунајтед

Се појавил проблем: Аморим ќе мора да почека за да го преземе Манчестер јунајтед

Веќе е добро познато дека Рубен Аморим ќе го преземе кормилото на Манчестер јунајтед, но Португалецот ќе мора уште малку да почека.

Спортинг вчера во последниот натпревар на Аморим на клупата славеше победа од 4:2 над Брага и тоа со голем пресврт во второто полувреме. Манчестер јунајтед претходно најави дека на 11 ноември (денес) Португалецот ќе започне со работа на „Олд Трафорд“, сепак ќе мора да почека.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, како што пренесуваат медиумите на Островот Аморим ќе мора да почека уште неколку дена затоа што доцнела процедурата за издавање на работна виза.

Се до неговото доаѓање кое сигурно ќе биде набрзо тимот ќе продолжи да го води Ван Нистелрој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Прво го донесе во Спортинг, а сега во Манчестер: Аморим има нова трансфер-желба

Во летниот преоден рок Манчестер Јунајтед се фокусираше на напаѓачки засилувања, но во јан…