Македонија не доби вајлд карта за настап на СП во Египет, но сега изненадувачки се појави нова шанса нашата селекција да се најде на тој турнир.
Имено, квалификациите во Северна Америка и Карибите кои требаше да се играат во Мексико се откажани, а тие требаше да го дадат 31. учесник на Мундијалот. Турнирот се откажа поради ситуацијата со коронавирусот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова отвори нов момент во целата ситуација и сега не е познато на кого ИХФ ќе го додели тоа место.
Може да се реши таа нова вајлд карта да ја добие некоја селекција од тој дел, но можно е да припадне и на репрезентација од Европа.
Ние се надеваме на второто сценарио затоа што ако се доделува вајлд карта на селекција од Европа ние би биле фаворити откако ја изгубивме трката со Полска и Русија.
Останува да ја чекаме одлуката на ИХФ и да се надеваме.