Некогашната голема надеж на англискиот фудбал, Деле Али тренира со Евертон, но се уште е без договор со ниту еден клуб.
Момчето на кое му предвидуваа блескава кариера по одличните настапи во Тотенхем, доживеа психолошки проблеми поради кои имаше вртоглав пад во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Го носеше дресот на Евертон и Бешикташ, но никогаш не ја врати старата форма. Клубот од Ливерпул му дозволи да тренира со нив ова лето со надеж дека ќе може да се врати на некогашниот фудбалски пат, а бидејќи нема понуда од „карамелите“ би можел да продолжи во Франција.
Како што пренесува „Дејли мејл“, Лил „фрлил око“ на Деле Али и во овој клуб тој би пристигнал како слободен играч, а во него би можеле да добијат потенцијално големо засилување.
Не треба да се заборави и дека Деле Али се уште не е премногу фудбалски „стар“ и има 28 години.