Дома Трансфер зона Заборавениот Деле Али ја оживува кариерата во Серија А

Заборавениот Деле Али ја оживува кариерата во Серија А

Деле Али во еден момент важеше за најголемиот англиски талент, но неговата кариера во последните години тргна во надолна линија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новинарот Фабрицио Романо објави дека Али успешно ја поминал пробата во Комо и ставил потпис на договор со калчолигашот, каде што ќе игра под водство на Сеск Фабрегас.

Тој доаѓа во тимот на инсистирање на тренерот Сеск Фабрегас, кој верува дека Али има уште многу што да покаже на врвно ниво. Англичанецот, кој има 28 години е без клуб уште од јули 2024 година, кога му заврши договорот со Евертон.

Али своевремено блескаше во дресот на Тотнем, а потоа играше и за Бешикташ, но имаше сериозни проблеми со депресијата па неговата кариера отиде во надолна линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…