Дома Фудбал Останато Го расплака и Невил: Некогаш еден од најголемите англиски таленти станал зависен од таблети за спиење

Го расплака и Невил: Некогаш еден од најголемите англиски таленти станал зависен од таблети за спиење

Своевремено Деле Али важеше за еден од најголемите англиски фудбалери на сите времиња, но уште во почетокот од кариерата се соочува со проблеми во приватниот живот и тие беа главната пречка да го искористи својот полн потенцијал.

По епизодата во Турција, Деле Али се врати на Островот каде што имаше емотивно интервју со Гери Невил и откри непознати детали од неговиот живот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Деле призна дека морал да оди на рехабилитација бидејќи станал зависен од таблети за спиење. Неговите зборови го расплакаа и Невил.

„Малку, по малку станав зависен од таблети за спиење, таков проблем имаат многу луѓе, но не се свесни. Кога се вратив од Турција дознав дека треба да правам операција. Ментално бев уништен и одлучив да одам во рехабилитациски центар каде што има пациенти со трауми и ментални проблеми. Морав да донесам таква одлука, никој не може да ве натера со сила да одите на такво место, ако вие сами не одлучите“.

„Шест месеци поминав таму, Евертон секогаш ми даваше поддршка и ќе биде благодарен на нив. Тоа беше најважната одлука во мојот живот и среќен сум што ја донесовз“, изјави Али.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …