Дома Фудбал Германија Се пласираа во трета лига, но имаат навивачи како да ја освоиле Лигата на шампионите

Се пласираа во трета лига, но имаат навивачи како да ја освоиле Лигата на шампионите

Дека љубовта кон клубот не познава натпреварување потврдуваат и сцените кои ни пристигнуваат од Германија.

Рот-Веис Есен е еден од најстарите клубови во Германија, но веќе неколку децении го нема на големата сцена. Овој клуб пред неколку дена го оствари најголемиот успех во својата понова историја и се врати во третиот ранг на германскиот фудбал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Есен се наоѓа меѓу десет најголеми градови во Германија, но изгледа дека во градот од скоро 600.000 жители полека почна да се враќа и фудбалот.

Пред околу 16.500 гледачи со 2:0 беше победен Ахлен што значеше дека овој тим ќе игра во третата лигап осле цели 14 години. После натпреварот следуваше големо славје, а навивачите го исполнија тревникот, се славеше длабоко во ноќта како да е освоена Лигата на шампионите или некое друго престижно натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лајпциг ги поставил условите: Еве што треба да исполни Наполи за да го добие Елмас

Наполи веќе ја достави својата официјална понуда до Лајпциг за ангажман на македонскиот ре…