Дома Фудбал Останато Се пензионира човекот кој во тандем со Аршавин и донесе бронза на Русија на ЕП 2008

Се пензионира човекот кој во тандем со Аршавин и донесе бронза на Русија на ЕП 2008

40-годишниот Роман Павличенко објави дека се пензионира.

Рускиот напаѓач најдобро се памети по неверојатната 2008 година. Павличенко тогаш во тандем со Андреј Аршавин ја донесе бронзата на Европското првенство. Во полуфиналето беа запрени од Шпанија, која подоцна го освои трофејот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По успешното ЕУРО, следуваше трансфер во Тотенхем. Кај „петлите“ го замени Бербатов кој истото лето замина во Манчестер Јунајтед, Спартак го продаде за сума од 18 милиони евра.

Во Тотенхем помина три и пол години и одигра 113 натпревари, постигна 42 гола. За руската репрезентација постигна 21 гол на 51 натпревар.

По Тотенхем се врати во Русија каде го носеше дресот на Локомотив, Краснодар, Урал, а се пензионира како играч на Знамија Ногинск која настапува во третата лига на Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

Селекторот Гоце Седлоски го анализираше натпреварот против Данска кој го загуби Македонија…