Дома Македонски спорт Се отвара ли можност Македонија да заигра на СП во Египет?!

Се отвара ли можност Македонија да заигра на СП во Египет?!

Како што е познато Македонија е прва резерва на Светското првенство во Египет и тоа на крајот би можело да ни донесе место на СП поради последните случувања.

Имено, на седум дена пред почетокот на шампионатот ракометарот на Шведска Антон Линдског бил позитивен на коронавирус. Целата репрезентација на Шведска е во карантин и денешниот натпревар кој требаше да го играат со Црна Гора е одложен.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Причината поради која цела репрезентација на Шведска морала да оди во карантин е што Линдског тренирал нормално со своите соиграчи и тој беше планиран да игра со Црна Гора, мечот кој сега е одложен. Одложен е и реваншот со Црна Гора кој беше закажан за во сабота.

По ова секако ќе бидат тестирани сите останати ракометари и членови на репрезентацијата и во наредните денови ситуација ќе биде појасно. Ако се појават голем број заразени во Шведска можеби и ќе се отвори можност за Македонија. Турнирот во Египет започнува на 13. Јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…