Во Италија овие денови владее голема конфузија откако коронавирусот почна да се шири на северниот дел од земјата.
Поради тоа ова коло во Серија А беа одложени неколку натпревари, а најавите се дека следното 26-то коло ќе биде комплетно одложено поради коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не мислам дека за само една недела ќе можеме да се справиме со инфекцијата толку многу за да можеме да продолжиме со спортски настани. Постојано ја следиме ситуацијата и ќе ја оценуваме. Ќе го следиме развојот на болеста и ќе ја процениме можноста за одложување на сите натпревари следната недела“, изјави премиерот на Италија.
Доколку се донесе одлука за одложување, тоа ќе влијае не само во Серија А, туку и на преостанатите дивизии, вклучително и аматерски лиги.
Натпреварот од 1/16
финалето на Лига Европа Интер – Лудогорец, кој ќе се одржи на 27 февруари, може
да се игра пред празните трибини.