Судијата Џани Сиказве се најде во центарот на вниманието кога натпреварот помеѓу Мали и Тунис на Африканскиот Куп на Нации два пати го завршуваше предвреме, прво во 85. минута, а потоа во 89.
Поради тоа што го направи обезбедувањето мораше да го спасува и да го изнесува од бесните фудбалери и селекторот на Тунис. Сега за првпат тој зборуваше за тој момент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Докторите ми кажаа дека температурата на мое тело се намалува. Ако поминев уште малку време ќе завршев во кома и тука ќе ми беше крајот. Бог ми кажа да го прекинам натпреварот. Тој ме спаси. Гледав луѓе како од работа ги враќаат во ковчег, тоа можеше да ми се случи и мене. Имав многу среќа што не завршив во кома“, изјави Сиказве.
FT: Tunisia 0 – 1 Mali
— Punchline Africa Tv (@PunchlineAfric_) January 12, 2022
Zambian referee Janny Sikazwe blew the full time whistle at 85 minutes then restarted the game & blew it again in the 89th minute.
#AFCON2021 #TUNMLI #Tunisie #Mali pic.twitter.com/TcjVoj5EfO