Дома Фудбал Останато Се огласи после толку години: Макси Лопез изненади со изјавата за Икарди

Се огласи после толку години: Макси Лопез изненади со изјавата за Икарди

Аргентинскиот фудбалер Макси Лопез некогаш беше најдобар пријател со Мауро Икарди, но нивното пријателство заврши кога Икарди влезе во врска со неговата сопруга Ванда Нара.

Ванда се одлучи да се разведе од Макси и да признае дека е вљубена во Икарди кој на тој начин го предаде својот најдобар пријател. Макси и Икарди потоа се сретнуваа на фудбалскиот терен, а очекувано Лопез одбиваше да се поздрави со него.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тие немаат контакт веќе неколку години, а за тоа е најмногу виновна Ванда која дури и му забрани на Лопез да ги гледа децата. Меѓутоа овој скандал останува во минатото после последната изјава на Макси Лопез.

Имено, Лопез е спремен да му прости на Икарди.

„Избрав да бидам среќен во животот и одлучив некои работи да ги оставам во минатото. Можете да бидете среќни или тажни – изборот е ваш. Мојот брак пропадна, но станав татко од тој брак. Одлучив да живеам со позитивена енергија и тоа да го заборавам. Тоа е најдоброто решение. Му простив на Икарди и повеќе немам проблем со него. Се оставив во минатото“, порача Макси Лопез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…