Еден од најбараните италијански напаѓач во минатиот преоден рок и член на Торино, Андреа Белоти зборуваше за својата иднина и можноста да ги напушти „биковите“.
Фудбалерот на Торино Андреа Белоти се огласи денес во медиумите и истакна дека не е заинтересиран да премине во голем клуб во кој не би бил дел од првиот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Луѓето ми зборуваат дека треба да одам во голем клуб кој се бори за трофеи. Јас не сум заинтересиран да преминам во голем клуб ако тоа значи дека ќе седам на клупата. Ако го променам клубот, тоа значи дека таму каде што ќе одам ќе бидам стартер“, изјави Белоти за италијанските медиуми.
Белоти во својот договор има клазула од 100 милиони. Оваа сезона тој постигна шест погодоци, меѓутоа тој смета дека работата на напаѓачот не е само да постигнува голови.
„Мислам дека напаѓачот не би требало да размислува само за постигнувањето голови, туку на тоа како да му помогне на тимот бидејќи победуваат и губат сите 11 играчи. Заедно напаѓате и заедно се браните“, заврши популарниот „петел“.