Дома Топ вести Се комплицира доаѓањето на Конте – Солари пред промоција во Реал!

Се комплицира доаѓањето на Конте – Солари пред промоција во Реал!

Најеминентните шпански медиуми уште синоќа го најавија доаѓањето на Антонио Конте во Реал Мадрид, но најновите информации го тврдат спротивното.

После лошиот старт на сезоната и дебаклот во Ел Класико само прашање на време е кога Лопетеги и официјално ќе добие отказ. Перез веќе работи на негова замена, а прва желба секако е Антонио Конте.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа, Италијанецот се уште не го решил својот однос со поранешниот клуб. Тој се уште не го раскинал договорот со Челзи, а притоа покрена и правна постапка против клубот.

Следната недела претстои судење на кое Конте бара 10 милиони евра како компензација. Токму поради бирократските причини тешко дека Италијанецот набрзо може да биде слободен и да потпише договор со Реал Мадрид.

Последните информации од „Скај Спорт“ се дека сега фаворит за тренерското столче на „Сантиаго Бернабеу“ е Солари, кој моментално ги предводи младинците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…