Дома Фудбал Останато Се за Златан: Стигна понуда каква до сега не беше видена!

Се за Златан: Стигна понуда каква до сега не беше видена!

Изминатите денови во Ростов пристигна понуда каква веројатно никогаш до сега не беше видена, а се однесува на Златан Ибрахимовиќ.

Имено, Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Ростов следната недела во Лига Европа, а на адреса на рускиот клуб пристигнала понуда од 179.000 руски рубљи (околу 3.000 евра) од непознат човек за неговиот син да излезе на терен заедно со Ибрахимовиќ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Вчера ни се јави анонимец и ни понуди 179.000 рубљи за неговиот син да излезе на терен со Ибрахимовиќ. Неверојатно на што се се спремни денес луѓето“, известија од клубот.

Не е познато дали челните луѓе на Ростов ја прифатиле понудата, но судејќи по нивната реакција, најверојатно не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати и детали од новиот договор на Вардар со главниот спонзор

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, и неговиот долгогодишен партнер „Новомати…