Дома Топ вести Се е спремно за враќање на легендата: Чави ќе седне на кормилото на Барса

Се е спремно за враќање на легендата: Чави ќе седне на кормилото на Барса

Каталонските медиуми пренесуваат дека генералниот директор на Барса, Оскар Грау и спортскиот директор Ерик Абидал имале средба со легендара на клубот, Чави Ернандес.

Медиумите тврдат дека Валверде ја загубил довербата од раководството и неговата смена е само прашање на време, а Чави е прв избор за негов наследник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Чави е тренер на катарски Ал Сад и уште во првата сезона го иосвои Суперкупот, а не крие дека еден ден сака да ја води Барселона.

„Не кријам, сон ми е да бидам тренер на Барса. Сум го кажал тоа во неколку наврати и сите знаат дека Барса има посебно место во моето срце“, истакна Чави.

Катарскиот клуб нема да му стои на патот и е спремен да го пушти, па неговото назначување за нов кормилар на Барса е само прашање на време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…