Се е спремно и за четвртото сериозно засилување во Арсенал. Уругваецот, Лукас Тореира допатува во Лондон на лекарски прегледи после кои ќе стави потпис на договор со Арсенал.
Играчот за врска воодушеви со настапите во дресот на Сампдорија, а одличен беше и на Мундијалот во Русија. Трансферот во Арсенал е договорен во текот на Светското првенство, но се чекаше Уругвај да го заврши настапот за се да биде официјализирано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тореира требаше со остатокот на репрезентацијата на Уругвај да отпатува во татковината каде што им беше прирерден свечен дочек, но сепак мораше да ја пропушти таа свеченост поради прегледите во Лондон и потписот со Арсенал.
„Би бил пресреќен доколку имав можност да отпатувам со соиграчите во Уругвај. Но трансферот во Арсенал е голема прилика која не сакав да ја пропуштам“, изјави Тореира.
Уругвајскиот „питбул“ како што нарекуваа на Апенините поради неговата борбеност и пожртвувавност ќе биде платен 30 милиони евра.
Да потсетиме претходно во Арсенал пристигнаа Стефан Лихштајнер, Сократис Папастапопулос и голманот Бернд Лено.