Дома Фудбал Италија Се враќа Јосип Иличиќ!

Се враќа Јосип Иличиќ!

Утре во последното коло од Серија А Аталанта ќе го пречека Емполи, а во овој натпревар ќе се врати Јосип Иличиќ.

Тренерот Џан Пјеро Гасперини го објави составот за овој натпревар, а на него изненадувачки се најде и Иличиќ.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


34-годишниот во јануари повторно страдеше од психички здравствени проблеми кои првпат го погодија по избувнувањето на пандемијата во 2020 година.

Иличиќ постигна четири гола и додаде пет асистенции во 23 натпреварувачки натпревари оваа сезона пред повторно да се соочи со депресијата во јануари. Последниот натпревар сезонава го одигра против Удинезе на 9. јануари.

Во овој натпревар против Емполи Иличиќ може да се прости од навивачите на Аталанта по пет години минати во клубот, бидејќи се очекува летово да си замине. Неговиот договор има важност до јуни 2023 година, но се најавуваше дека може да ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пол Погба остана без клуб: никој не го сака, понуден на тимот на Монако

Пол Погба во своите 32 години не планира да се пензионира, сака да продолжи да игра фудбал…