Дома Македонски спорт Мак фудбал Се враќа домашниот фудбал на „Филип Втори“ – АДСДП попушти арената повторно дом на Работнички и Вардар!

Се враќа домашниот фудбал на „Филип Втори“ – АДСДП попушти арената повторно дом на Работнички и Вардар!

Бојкотот од страна на Работнички и Вардар се исплатеше, клубовите успеаа да издејствуваат враќање на старите цени за користење на Арената „Филип Втори“.

На денешниот состанок помеѓу АДСДП, ФФМ и клубовите, Вардар, Работнички и Шкендија беше договорено враќање на стариот ценовник.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Да потсетиме, проблемите со користењето на нашиот најголем стадион до израз дојдоа кога Вардар после натпреварот против Зенит од Лигата на Европа упати остри критики за сумата од 40.000 евра која им беше побарана, за потоа натпреварот од домашното првенство против Ренова да го одиграат на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Претходно, своето играње на „Филип Втори“ поради истите причини го откажа и Работнички кој го користеше стадионот во Ѓорче Петров. Но, сега „Романтичарите“ го потврдија своето враќање, а се очекува наскоро истото да го направи и Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…