Леандро Ло, повеќекратен светски шампион во бразилско џиу џицу, беше убиен со истрел во главата во Сао Паоло. Tој бил убиен од полицаецот Енрике Отавио Велосо кој не бил на должност.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Леандро бил на концерт во Сао Паоло и според сведоците, влегол во конфликт со Велосо, кој извал пиштол и го застрелал.
Бразилецот бил пренесен во болница, но неколку часа подоцна била констатирана смрт.
Леандро Ло е еден од најуспешните борци во бразилско џиу-џицу на сите времиња со осум освоени титули светски шампионати.