Дома Фудбал Светот во паника, а Душан Тадиќ порачува: Не верувам во тој вирус

Светот во паника, а Душан Тадиќ порачува: Не верувам во тој вирус

Коронавирусот е главна тема во целиот свет. Од ден во ден доаѓаат информации за нови заразени, се повеќе луѓе бараат помош, а на удар се и фудбалските натпреварувања.

Синоќа во Германија по прв пат во историјата е одигран натпревар без публика, на дуелот во ЛШ помеѓу ПСЖ и Дортмунд исто така немаше гледачи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Штетите веќе се големи и сите се плашат од тоа што ќе биде во иднина, а напаѓачот на Ајакс, Душан Тадиќ размислува поразлично.

Истакна дека во Ајакс нема паника.

„Нема толкава паника во Холандија, се е умерено. Сега малку повеќе се зборува за тоа, но никој не е во паника. Така е и во градот.“ – изјави Тадиќ.

На прашањето дали се плаши, беше јасен.

„Искрено не знам што да кажам. Не верувам во тој вирус и мислам дека не е ништо страшно.“ – изјави Тадиќ за Спортски журнал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, к…