Капитенот на Србија, Душан Тадиќ предизвика бура реакции со непромислената изјава која ја даде после поразот од Англија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тадиќ изјави дека дека тој е најдобриот фудбалер на Србија и не разбира зошто бил изоставен од стартната постава со што го нападна селекторот Пикси.
Сепак, бурата во српскиот табор брзо се смири, откако Тадиќ ја призна грешката и им се извинил на соиграчите и селекторот.
„Се зборуваше за претстојните обврски, а меѓу другото капитенот на репрезентацијата Душан Тадиќ ја искористи приликата да им се извини на селекторот Стојковиќ и соиграчите за неговите непромислени изјави по мечот со Англија“, стои во официјалното соопштение на ФСС.