Дома Фудбал Репрезентации Сањол: Моите играчи се спремни да го направат тој историски чекор за Грузија!

Сањол: Моите играчи се спремни да го направат тој историски чекор за Грузија!

Грузија денес забележа сигурна победа против Македонија од 0:3 и со овој триумф се стави себеси во одлична позиција на табелата.

На табелата Грузија има девет бода, Македонија е второпласирана со четири и ќе биде тешко да ги надополниме тие бодови. Селекторот Вили Сањол смета дека неговите играчи се спремни да го направат тој историски чекор и за првпат преку баражот (доколку бидат први во групата) да обезбедат пласман на еден голем турнир.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ако ја погледнеме последната година, формата беше промнелива. Во септември имавме повредени играчи и изгубени натпревари. Тешко е да се каже што ќе се случува во иднина, многу зависи од играчите како ќе се наметнат. Јас можам да ја поставам тактиката, но не можам да трчам место нив, не можам да постигнам гол…Она што можам да ви го кажам е дека се амбициозни да го направат тој следен чекор“, изјави Сањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Не си заминал сам: Пирло откри кој го избркал од Милан

Еден од најдобрите италијански играчи на средниот ред на сите времиња, Андреа Пирло, изјав…