Дома Фудбал Италија Сари: Пјаниќ во последно време беше резервиран, не сме разговарале

Сари: Пјаниќ во последно време беше резервиран, не сме разговарале

Mиралем Пјаниќ ги минува последните недели во Јувентус откако пред неколку дена официјално стана фудбалер на Барселона каде што ќе се пресели на крајот од сезоната.

Преговорите помеѓу Барселона и Јувентус се водеа скоро два месеци, а на крајот работата се заврши на задоволство на сите страни. Пјаниќ оди на „Ноу Камп“, а Артур Мело ќе го замени во Торино.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


После вчерашниот натпревар против Џенова Сари беше запрашан да ја прокоментира ситуацијата на босанскиот репрезентативец.

„Со Пјаниќ овие денови не сум разговарал…Последен пат разговаравме после карантинот, во овие 20-25 дена беше резервиран“, изјави Сари.

Пјаниќ со Барселона потпиша договор на четири години и во истиот има откупна клазула од 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова се кандидатите за нов тренер на Милан: Многумина го избегнуваат!

Консеисао како што стојат работите ќе го напушти Милан по натпреварот со Монца, а вториот …