Дома Фудбал Останато Сари му одговори на Клоп: Тој е еден најпаметните и најсмешни тренери

Сари му одговори на Клоп: Тој е еден најпаметните и најсмешни тренери

Јирген Клоп на прес-конференцијата пред натпреварот испрати големи пофалби за Јувентус, посочувајќи го италијанскиот шампион како еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите, сега стигна одговорот и од Маурицио Сари.

„Пред неколку месеци, на почетокот на сезоната го гледав Јувентус како најголем фаворит да стане европски шампион. Очигледно не следам италијански фудбал бидејќи не можам да разберам како Јувентус со тој тим нема барем 10 бода повеќе од останатите. Јувентус го има најдобриот тим кој сум го видел во животот. Според мене е лудост да не доминираат во првенството“, гласеше изјавата на Клоп.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Набрзо Сари на својата прес-конференција му одговори на Германецот.

„Клоп кажа дека не следи Серија А, па е збунет од ситуацијата во нашата лига.! Клоп сигурно е еден од најсмешните, но и најпаметните тренери во светот. Могу добро знае како да тргне притисокот од Ливерпул бидејќи тие се фаворити и во Европа. Јас можам да кажам дека Ливерпул има прилично широк и силен состав“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клуб…