Дома Фудбал Репрезентации Сари лаже дека Роналдо бил повреден

Сари лаже дека Роналдо бил повреден

Португалскито фудбалер Кристиано Роналдо изгледа нема никакви проблеми со повреда, барем ако му веруваме на неговиот соиграч од репрезентација, Гончало Пациенци.

Ќе потсетиме Роналдо претходните два натпревари во Јувентус ги завршуваше пред последниот судиски свиреж бидејќи тренерот Маурицио Сари го вадеше од игра. Портив Милан во неделата Роналдо беше заменет уште во 55-тата минута. После натпреварот Сари изјави дека станувало збор за повреда на Португалецот, меѓутоа соиграчот од репрезентацијата го зборува спротивното.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Немам медицинска диплома, но мене ми изгледа целосно здрав. Многу ни значи што е со нас, тој е најдобриот играч во светот“, изјави Пациенци кој игра за Ајнтрахт за „А’Бола“.

Инаку, Роналдо и против Локомотив и против Милан јасно покажа дека е незадоволен од измените, при изменатата против Милан дури и се упати право во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …