Дома Фудбал Италија Сари за доминацијата на Јувентус: Порано или подоцна се ќе заврши

Сари за доминацијата на Јувентус: Порано или подоцна се ќе заврши

Тренерот на Наполи, Мауирицио Сари предупреди дека Серија А губи многу навивачи поради доминацијата на Јувентус.

„Старата дама“ е на чекор од седмото Скудето во низа откако Наполи загуби од Фиорентина со 3:0.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Јувентус повторно има четири бодови предност во однос на Наполи, благодарение на спектакуларниот пресврт против Интер во Милан и победата од 3:2.

„Погледнете ја Премиер лигата каде што констатно се менува шампионот секоја година, така и расте љубовта на навивачите и сите се надеваат на успех. Во Италија ситуацијата е поинаква. Ризикуваме да изгубиме многу навивачи бидејќи бодрат тимови кои никогаш нема да победат и тие тоа одлично го знаат. Ако го унапредиме целиот систем, тогаш би биле осиромашени. Нашата единствена надеж е дека како се во животот – се има свој крај. Порано или подоцна нивната доминација ќе заврши“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Деко потврди дека пристигнала официјална понуда за Јамал

Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу …