„Сините“ барем според најавите на медиумите на Островот се решени во вториот дел од сезоната да влезат со далеку посилен ростер.
Маурицио Сари навистина го препороди Челзи и за кратко време успеа да ја наметне својата фудбалска филозофија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи игра одличен фудбал, Еден Азар посебно блеска, ретко која сезона Белгиецот ја започнал вака добро. Сепак, главното прашање е колку долго Челзи ќе може да издржи во ваков ритам.
За тоа се свесни и на „Стенфорд Бриџ“ и поради тоа имаат намера да го прошират ростерот во јануари со цел да се изборат со трката за трофеи на неколку фронтови.
Според пишувањето на италијанскиот медиум „Кориере дело Спорт“, Сари сака две засилувања од Серија А.
Во прашање се напаѓачот на Џенова, Криштоф Пиатек, кој воодушеви на стартот на оваа сезона, како и Даниеле Ругани, кого Челзи се обидуваше да го доведе и во текот на летото.
Пиатек постигна 12 голови на седум натпревари за Џенова, осум во Серија А, четири во купот против Лече, 23 годишниот Полјак постигнува гол на секои пеесетина минути.
Интерес за Пиатек веќе покажаа голем број европски клубови, а ќе видиме кој ќе стигне до неговиот потпис, се проценува дека Џенова би се согласила да го продаде Пиатек за сума од оолу 40 милиони евра.
Кога во прашање е Ругани, добро познато е дека се обидуваа да го доведат и во текот на летото и неговата вредност се проценува на 40 милиони евра, што значи дека Абрамович за овој двоец би требало да издбои околу 80 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=DOQgD-zGtqY
https://www.youtube.com/watch?v=MBe9BDkJJdQ