Дома Фудбал Англија Сари: Вилијан останува, Куртоа не знам!

Сари: Вилијан останува, Куртоа не знам!

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари проговори за иднината на некои од своите ѕвезди. Италијанецот тврди дека Вилијан сигурно останува, а Куртоа сам треба да одлучи.

Иднината на Вилијан и Куртоа е жешка тема ова лето бидејќи се на радарот на неколку клубови. Сари е сигурен дека Бразилецот останува на „Стенфорд Бриџ“, но со Белгиецот работите се покомплицирани.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Не постои проблем со Вилијан. Вчера разговарав со него бидејќи дојде подоцна поради Мундијалот. Убеден сум дека ќе остане со нас“, изјави Сари.

Куртоа влегува во последната година од договорот, има понуда од Реал Мадрид, па неговата иднина се уште не е решена.

„Во овој момент Куртоа е голман на Челзи, но не знам што ќе се случи во иднина. Тоа зависи од клубот, но најмногу од Куртоа, тој треба да одлучи“, изјави Сари.

Сари веќе во недела против Манчестер Сити ќе има можност да го освои својот прв трофеј со „сините“ во Суперкупот на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…