Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо беше забележан како пристигнува во тренинг центарот на неговиот клуб во Карингтон.
Напаѓачот долго време беше надвор од тимот откако тренерот Ерик Тен Хаг го испрати во Холандија да тренира за време на Светското првенство, поради загриженост за неговата физичка и психичка подготвеност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Санчо тренираше во холандскиот аматерски клуб ОЈК Росмален. Тен Хаг не открива кога Санчо повторно ќе игра за Јунајтед.
„Секако дека Санчо ќе игра наскоро, но се уште не е време. Тој напредува, а ќе видиме кога ќе биде подготвен да се врати во тимот“, изјави неодамна Тен Хаг на прес-конференција.
Санчо не играше за клубот повеќе од 10 недели, а неговите последни минути беа забележани во ремито со Челзи (1-1 октомври).
Англиската јавност шпекулираше дека фудбалерот на Јунајтед тешко го поднесувал отсуството од Мундијалот и дека тоа се одразило на неговото психичко здравје, но немаше официјална потврда.
Jadon Sancho arriving at Carrington today [@MailSport] pic.twitter.com/lk4DCWWeYV
— utdreport (@utdreport) January 2, 2023