Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва играат на гостински терен против Барселона во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
„Црвените ѓаволи“ веруваат дека можат да направат уште едно изненадување и да се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување, иако во првиот натпревар на свој терен беа поразени од Каталонците со 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер може да смета на неколкумина играчи кои го пропуштија првиот натпревар, а еден од нив е и Алексис Санчез кој после пет години се враќа на „Ноу Камп“ каде што некогаш настапуваше во дресот на Барселона.
Алексис веќе некое време не е во плановите на норвешкиот стратег, но се најде во конкуренција за овој натпревар. Чилеанецот вчера одработи тренинг, а многу внимание привлече со својот нов имиџ.
Санчез објави фотографија на која има бркови. Соиграчите дофрлаа шеги на негова сметка, а најмногу внимание привлече Андер Ерера која се огласи на Инстаграм. Тој ја коментираше фотографијата на Алексис и му порача дека изгледа како мексиканскиот наркобос, Ел Чапо.