На прашањето кој е најдобар тренер на денешницата многумина би избрале еден од Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.
Гвардиола и Клоп имаат различни филозофии на фудбалската игра, но сеедно и двајцата се успешни и тоа го потврдуваат резултатите на Манчестер Сити и Ливерпул во последните години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем дел од фудбалерите имаат желба да соработуваат со Клоп или Гвардиола, а само четворица фудбалери ја имале таа чест во кариерата да соработувале и со двајцата.
Марио Геце, Роберт Левандовски, Илкај Гундоган и Џердан Шаќири се играчите кои можат да се пофалат дека работеле и со Шпанецот и со Германецот.
Клоп Геце, Левандовски и Гундоган ги тренираше додека беше на клупата на Баерн, а со Шаќири соработува сега во Ливерпул.
Гвардиола Левандовски, Геце и Шаќири ги водеше во Баерн, додека Гундоган го тренира од доаѓањето во Манчестер Сити.