На претставувањето на Луис Енрике за нов тренер, Килијан Мбапе доби уште една порака дека доколку сака да остане мора да потпише нов договор.
Договорот на Мбапе истекува во јуни 2025 година и затоа ПСЖ сака да го продаде ова лето и да заработи од неговото заминување. Но, засега Мбапе стои на ставот да си замине наредното лето како слободен играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Заинтересирани за играч како францускиот голгетер секако ќе има, но се тврди дека само три екипи можат да си го дозволат, а тоа се: Реал Мадрид, Манчестер Сити и Њукасл.
Се би требало да биде познато до крајот на јули, но дефинитивно и понатаму Реал Мадрид важи за фаворит за неговиот потпис и ќе биде изненадување, ако не го видиме во дресот на „кралевите“.