Дома Фудбал Англија Само поплаки и кукање на „Олд Трафорд“: На што се должи нашиот најтежок распоред?!

Само поплаки и кукање на „Олд Трафорд“: На што се должи нашиот најтежок распоред?!

Во времето на Фергусон, Манчестер Јунајтед беше фајтерски клуб, кој никогаш не се жалеше претерано, а фрустрацијата минуваше на теренот и на често „недораснатите“ противници.

Но, со заминување на легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед освен голем тренер, тимот го загуби и тој дел на победнички менталитет. Тоа најдобро се виде и по градското дерби против Манчестер Сити, кога Жозе Мурињо влезе во гостинската соблекувална и им приговори на играчите на Сити дека прегласно слават за заслужената победа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е чекор понатаму откако денес на службените страници објави текст во кој по „опсежното истражување“ заклучи дека токму „Црвените ѓаволи“ имаат најтежок божиќен распоред од сите клубови.

Во време кога поголемиот дел на другите лиги паузираат, а играчите се одмораат и сакаат да бидат со семејствата, Англичаните дополнително ги нагазија своите фудбалери кои од сутра па до 4. јануари ќе одиграат четири првенствени кола.

„Челзи ќе има вкупно осум, Ливерпул и Манчестер Сити седум, а ние само шест слободни дена. Тоа е цената на успехот, но на нашиот тренер ќе му биде тешко да го освежи тимот“, стои во текстот на клупската официјална страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…